Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Барселона успеа да слави против Хетафе во минатото коло на шпанската Ла лига, но клубот од „Камп Ноу“ се наоѓа и понатаму во хаос, ако може да се верува на информациите на „Марка“.
Каталонците лошо ја почнаа сезоната, а притоа им недостигаше и Лионел Меси, кој се повреди, а според шпанскиот медиум сега се појавиле нови проблеми.
Во саботата по мечот со Хетафе, искусниот Жерар Пике испратил порака до раководството на клубот и порачал дека „управата при комуникација со персоналот може да се послужи и со други средства“, но не кажал точно за што станува збор.
„Кога двајца не сакаат да се скараат, тогаш нема ниту караница. Го познаваме клубот, знаеме какви се односите со медиумите и знаеме кој пишува статии и кога не се потпишани. Не сакаме караници, зашто нашата цел е да бидеме подобри на теренот. Не сакаме да предизвикува некој караница за проблеми, кои не се случиле“, кажа Пике.