„Марка“ откри: Реал ќе испрати интересна понуда до Челси за услугите на Азар


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да го купи Еден Азар од Челси, а според шпанските медиуми нивната понуда изнесува 60 милиони евра плус Матео Ковачиќ.

„Марка“ пишува дека Челси сака да го задржи Ковачиќ во Лондон, но голем проблем е тоа што имаат забрана за трансфери во наредните два преодни рока поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Челси ќе се жали на одлуката, а ако успее, тогаш ќе го откупат неговиот договор. Без Ковачиќ, Реал најверојатно за Азар ќе мора да понуди повеќе од 100 милиони евра, а вака ќе имаат корист и двата тима.

Претходно тренерот на Челси, Маурицио Сари, призна дека не може со сила да го задржи Азар, па доколку сака да си замине, тогаш ќе му ја исполнат желбата, но екипата која ќе сака да го откупи, ќе мора да плати голема сума.