Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ пишува дека Лука Модриќ има намера да остане во Реал Мадрид и по 2021 година, кога завршува неговиот договор, а тоа го потврди и самиот фудбалер.
Капитенот на хрватската репрезентација пред еден месец наполни 35 години, а во Реал немаат обичај долго време да се врзуваат со играчи во негови години, па Модриќ би можел да се надева на слична судбина како Серхио Рамос.
Модриќ во интервју за медиумите кажа дека сака да остане во Мадрид повеќе од што трае неговиот договор, а за такво нешто е подготвен и да прифати помала плата.
Тој прифати веќе едно намалување минатата година, кога го продолжи договорот за 10 проценти помалку пари отколку што заработуваше претходно.