„Марка“: Перез донесе конечна одлука за Модриќ – нема веќе назад! 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ најверојатно ќе остане во Реал Мадрид. „Марка“ синоќа објави дека искусниот фудбалер ќе го продолжи договорот со шпанскиот шампион.

Актуелниот договор на Модриќ со Реал завршува во 2021 година, но одличните настапи на 35-годишниот фудбалер беа наградени и тој ќе остане до јуни 2022 година.

„Настапите на Модриќ во последните месеци се одлични, зрело го предводеше тимот и така го убеди тимот да го задржат“, пишува шпанскиот медиум.

Новиот договор нема да биде богат како досега, но парите се во втор план за Модриќ, зашто веќе одбивал богати понуди од Катар и МЛС-лигата. Неговата намера беше да остане во Мадрид и таа желба ќе му биде исполнета.