ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид го ангажираше летово Давид Алаба, но засега нема конкретни потези за други засилувања, иако се споменуваа имињата на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Ферланд Менди не е сигурен во составот, а засега не е позната ниту иднината на Мартин Одегард, додека од тимот си заминаа Серхио Рамос и Рафаел Варан.
Од денес до 31 август, понуди можат да бидат испраќани до Реал Мадрид за различни фудбалери, а исто така Флорентино Перез смета дека има добри млади играчи кои може да ги промовира во првиот тим.
Планот на „кралевите“ е јасен. Нивната цел е да го купат Мбапе, но засега немаат доволно пари за такво нешто, па ќе мора да соберат со продажба на непотребните играчи.
Засега не се размислува ниту за нов централен дефанзивец, па во екипата за следната сезона ќе бидат Начо, Едер Милитао и Давид Алаба плус неколку младинци.