„Марка“: Реал Мадрид доби конкуренција, Мбапе се сели на Островот?


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


ПСЖ се наоѓа во нови проблеми бидејќи нивниот најдобар фудбалер Килијан Мбапе е интересен и за Ливерпул, а не само за Реал Мадрид, како што беше познато од претходно.

Шпанска „Марка“ објави дека Ливерпул го контактирал ПСЖ за услугите на францускиот репрезентативец, а тоа е лоша вест за „кралевите“.

Од претходно беше познато дека клубот од Мадрид бара решение како да го купи Мбапе, но сега јасно е дека има силна конкуренција во битката за потписот на Французинот.

Шпанскиот медиум пишува дека Ливерпул ја испратил првата понуда, но и дека на „Енфилд“ почнале сите процеси кои се потрени за да се финансира таков проект.

Англискиот гигант планира да продаде еден од двајцата офанзивни фудбали, Садио Мане и Мохамед Салах, кои би донеле доволно средства за да се финансира дел од отштетата за трансферот на Мбапе.