Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид по седум кола се наоѓа на првото место во шпанската Ла Лига, но не воодушевува со настапите, а уште помалку со тоа што по првите два меча во Лигата на шампиони има освоено само бод.
Поради тоа Зинедин Зидан во зимскиот преоден рок носи две големи засилувања и тоа во средниот ред од теренот.
„Марка“ објави дека Кристијан Ериксен од Тотенхем и пет години помладиот Дони Ван де Бек од Ајакс во зима ќе му бидат приоритет на тренерот на Реал.
Плејмејкерот на Тотенхем би пристигнал за многу помала цена од реалната, зашто на лето му завршува договорот.
Од друга страна, Ајакс го проценува Ван де Бек на околу 50 милиони евра, а тоа би можеле да го платата „кралевите“, но под услов да се ослободат од Маријано и Брахим Дијаз.