Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо сè уште не решил каде ќе игра следната сезона, па поради тоа има шпекулации дека би можел да се врати во Реал Мадрид, иако најреално сценарио во моментов делува тоа дека ќе остане во Манчестер јунајтед.
По шпекулациите на италијанска „Република“ дека Рома ќе тргне по потписот на Роналдо, вчера „Марка“ објави нова сензационална најава која ја „запали“ шпанската јавност.
Шпанскиот медиум пишува дека Роналдо има голема желба да се врати во Мадрид и следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ), но Јунајтед не е подготвен да го пушти.
Роналдо во тимот од Мадрид играше од 2009 до 2018 година, а притоа освои четири трофеи во елитното натпреварување, како и голем број други награди.