Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми едвај дочекаа да удрат по тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откако вчера беа елиминирани од Тотенхем во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
„Марка“ веднаш пресмета колку пари потрошил Гвариола на трансфери по заминување од Барселона, а тоа е уште „поболно“ затоа што не стигна ниту еднаш до финалето во елитното натпреварување по заминувањето од Каталонија.
Гвардиола за шест години потроши повеќе од 800 милиони евра на засилувања. Во Баерн Минхен ги купи Геце, Тиаго, Видал, Бенатија и Даглас Коста за околу 200 милиони евра, а многу повеќе потроши во Сити, поточно 600 милиони евра.
Тренерот во првата година ги донесе Гундоган, Стонс и Габриел Жесус, а потоа ги купи Бернардо Силва, Кајл Вокер, Едерсон, Менди, Лапорт, Данило и Марез.