Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ објави дека норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд ќе ја продолжи неговата кариера во Реал Мадрид, иако имаше шпекулации дека ќе потпише за Барселона.
Реал веќе го договорил Килијан Мбапе, кој треба да пристигне на слободен трансфер, а сега се работи на уште еден ангажман.
„Марка“ пишува дека трансферот на Халанд ќе чини околу 130 милиони евра, иако со сите бонуси плус петгодишен договор сумата би достигнала околу 350 милиони евра.
„Кралевите“ во меѓувреме мора да се ослободат од неколку фудбалери, па затоа се очекува продажба на Лука Јовиќ, Еден Азар, Дани Себаљос, а ќе заминат и Герет Бејл, Марсело и Иско.
Реал имаше план да го купи Халанд во 2023 година, меѓутоа смета дека тогаш ќе биде доцна и може да потпише за друг гигант.