Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Рамос остави голем траг во Реал Мадрид, а шпанска „Марка“ пишува дека тешко би можел некој да го замени шпанскиот дефанзивец.
Кога пристигна Рамос во Мадрид, тој го зема дресот со број четири, па го носеше до крајот на неговата авантура во шпанскиот гигант.
Во моментов бројот четири е слободен, а ниту Давид Алаба, кој пристигна од Баерн Минхен не се осмели да го земе легендарниот број.
Меѓутоа, некој ќе мора да го земе, а засега не е познато кој од фудбалерите ќе реши да го преземе тој товар врз својот грб, кој го остави Рамос.
Капитенската лента на Рамос во меѓувреме ја наследи Марсело, кој досега беше вице-капитен. Бразилецот ќе го предводи тимот во следната сезона, додека улогата на заменик ќе му припадне на Карим Бензема.