Марко Силва одговори на шпекулациите кои го поврзуваа Ричарлисон со трансфер во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Евертон, Марко Силва ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваа бразилскиот фудбалер Ричарлисон со трансфер во локалниот ривал, Ливерпул.

Во Бразил се појавија шпекулации дека агентот на Ричарлисон имал лични разговори со Јирген Клоп, но Силва на денешната прес конференција ги отфрли ваквите најави.

„Мора да се насмеам  на ова. Овие шпекулации не се толку важни за да се зборува за нив, туку само ќе се насмевнам. Ричарлисон е наш играч и е многу среќен овде“- коментираше Марко Силва.