Марко Силва пренесе изненадувачки вести околу Андре Гомеш и неговото враќање натеренот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Евертон, Марко Силва зборуваше за повредата на неговиот сонародник, Андре Гомеш и кога се очекува тој да се врати на терените.

Иако повредата изгледаше страшна, операцијата минала во најдобар можен ред, па зачудувачки, Андре Гомеш би можел да се врати на терените и оваа сезона, пред крајот на првенството.

„Се помина неверојатно добро и верувам дека ќе го видиме на теренот оваа сезона. Не можеме да одредиме точен датум на неговото враќање, но медицинскиот персонал вели дека враќањето до крајот на сезоната е возможно. На почетокот изгледаше како да се работи за претешка повреда. Гомеш долго ќе отсуствува, но какви беа очекувањата, мора да бидеме позитивни“ –истакна Марко Силва.