Маркос Рохо ги разлути сите во Јунајтед, сниман како пуши цигара и игра карти, од клубот ќе следи казна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој од јануари игра како позајмен фудбалер во Естудијантес, Маркос Рохо го навлече гневот на јавноста со неговиот последен потег.

Имено, тој беше сниман како игра покер со своите пријатели и притоа како пуши цигара, нешто што се коси со клупските правила во Манчестер Јунајтед.

Видеото на социјалните мрежи го стави неговиот брат кој го втурна во големи проблеми репрезентативецот на АРгентина. „МЕН“ најави дека во Манчестер Јунајтед сериозно размислуваат да го казнат фудбалерот кој речиси сигурно ќе се најде на трансфер листа штом се врати од позајмицата  во Естудијантес.