Марсело: Чест ми е да бидам капитен на најдобриот клуб во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот лев бек зборуваше за телевизијата на Реал Мадрид по тренингот во сабота и кажа дека е среќен затоа што ја добил капитенската лента.

Марсело ја наследи капитенската лента од Серхио Рамос, кој го напушти клубот и потпиша за ПСЖ, каде ќе остане во следните две години.

„Ова е огромна чест и одговорност за мене да бидам капитен на најдобриот тим во светот. Среќен сум“, кажа Марсео.

Бразилецот не е стартер толку често, но страста да се носи дресот на „кралевите“ уште постои.

„Кога сте фудбалер на Реал Мадрид, вие се будите секој ден со желба да постигнувате успеси. Долго време сум тука, но желбата уште постои и расте како минува времето“, објасни Бразилецот.