Марсело газеше по грбот на Манчестер сити, па Милитао ги воодушеви сите (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити и Реал Мадрид вечерва ќе го одиграат првиот полуфинален меч во Лигата на шампиони, а фудбалерите на шпанскиот тим тренираа на „Итихад“.

Двете екипи сакаат да го освојат трофејот и така да ја крунисаат одличната сезона, но само за еден од нив ќе има место во финалето.

По тренингот во центар на внимание беше Марсело, кој пред почетокот излезе на теренот и газеше по грбот на Манчестер сити.

Едер Милитао веднаш му кажа, по што Марсело се фати за глава откако забележа што направил.

Вообичаено фудбалерите внимаваат кога излегуваат на теренот да не згазнат по грбот на противничкиот тим.