Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразислкиот фудбалер Марсело стигна во Реал Мадрид уште во 2007 година, па со клубот ги освои сите можни титули.
Марсело за многумина е најдобриот лев бек на светот, па речиси цела кариера ја помина во дресот на „кралскиот клуб“.
Овој 31-годишен фудбалер има договор до 2022 година со Реал Мадрид и во последно време многу се шпекулира дека би можел да го напушти Реал. Марсело се поврзува со трансфер во Јувентус, но тој реши да го демантира тоа.
„Не сакам да заминам и не верувам дека Реал ќе ме продаде. Ова е неверојатна приказна. Добро е што други клубови се интересираат за вас, но мојот став е јасен и тоа е останување во Мадрид. Па, пред две години потпишав за Јувентус и имав нивни дрес затоа што пишуваа дека не можам да живеам без Роналдо. Луѓето измислуваат многу работи…“, се пошегува Марсело.