Марсело ги демантираше шпекулациите: Зборуваат дека не можам да живеам без Роналдо, ама...

Бразислкиот фудбалер Марсело стигна во Реал Мадрид уште во 2007 година, па со клубот ги освои сите можни титули.

Марсело за многумина е најдобриот лев бек на светот, па речиси цела кариера ја помина во дресот на „кралскиот клуб“.

Овој 31-годишен фудбалер има договор до 2022 година со Реал Мадрид и во последно време многу се шпекулира дека би можел да го напушти Реал. Марсело се поврзува со трансфер во Јувентус, но тој реши да го демантира тоа.

„Не сакам да заминам и не верувам дека Реал ќе ме продаде. Ова е неверојатна приказна. Добро е што други клубови се интересираат за вас, но мојот став е јасен и тоа е останување во Мадрид. Па, пред две години потпишав за Јувентус и имав нивни дрес затоа што пишуваа дека не можам да живеам без Роналдо. Луѓето измислуваат многу работи…“, се пошегува Марсело.