Марсело има нова одлука: Зидан беше клучот за истата…


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Бразилецот, Марсело во пресрет на гласините за заминување на крајот ќе остане во Реал, тврди шпански АС.

За време на ерата на Сантијаго Солари овој искусен фудбалер и немаше баш најдобар статус. Повеќето натпревари Марсело ги следеше од клупата и беше одлучен во намерата да го напушти „Бернабеу“, но како што наведува еминентниот АС, одлуката во меѓувреме се променила.

Во тоа го убедил новиот тренер, Зинедин Зидан кој му дал до знаење дека и натаму е важен член во тимот, и дека може да смета на стандардната минутажа ако продолжи да работи квалитетно на тренинзите.

Марсело веќе го зазеде своето место во стартната постава во победата над Селта, па реално е да се очекува дека така ќе остане и во продолжението на сезоната.

Изминатите недели Марсело најмногу се поврзуваше со Јувентус, се чинеше дека ќе тргне по стапките на Кристијано Роналдо, но Јувентус на крајот по се изгледа ќе остане со празни раце.