Марсело направил сериозен прекршок, па морал да заврши на Суд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Против фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело е почната судска постапка затоа што Бразилецот возел без бодови на возачката дозвола и ја надминал ограничената брзина.

Марсело бил фатен на 19 февруари како на автопат достигнал брзина од 132 км/ч, а ограничувањето било 120 км/ч.

Искусниот лев бек се појавил во Судот во Мадрид, каде што бил обвинет за небезбедно возење и предизвикување несигурност на останатите учесници во сообраќајот.

Марсело пред судијата кажал дека не знаел дека ги загубил сите бодови на возачката дозвола и ќе се обиде да се договори со обвинителството.

Бразилскиот фудбалер направил сличен прекршок во 2013 година кога бил казнет со 6.000 ера и му биле одземани сите бодови од возачката дозвола.