Марсело откри: Плачев цела ноќ по разговор со Роналдо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот бек Марсело го дочека Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во 2009 година, по што соработуваа девет години во Реал Мадрид, а потоа во 2018 година го испрати во Јувентус.

Роналдо е трет соиграч на Марсело со кој одиграле најмногу натпревари (333), но и човек со кој создал најмногу голови (33), па заминувањето на Португалецот ептен тешко му паднало.

„По ѓаволите, трениравме за финале во Лига на шампиони (ЛШ) против Ливерпул и тој ми кажа дека заминува. Плачев цела ноќ“, кажа Марсело.

Овие двајца на крајот го освоија трофејот во елитното натпреварување со победата од 3-1 против Ливерпул, а потоа Роналдо се пресели во Јувентус.

Роналдо и Марсело дури четири пати ја освојуваа ЛШ, двапати Ла Лига, а се закитија и со уште три трофеи од Светското клупско првенство и европски Суперкуп, а по две титули имаа во шпанскиот Куп и Суперкуп.