Марсело отворен за заминување од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува шпанскиот весник „Спорт“ бразилскиот репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Марсело е отворен за заминување од „кралскиот клуб“.

Бразилскиот интернационалец веќе има неколку понуди за заминување од „Бернабе“, а интересот од многуте екипи го убедил да продолжи во друг клуб.

Дури четири големи клубови покажале интерес за одличниот лев бек кој долги години е член на клубот од главниот град на Шпанија.

Арсенал, Милан, Јувентус и ПСЖ се меѓу клубовите кои се распрашувале за ангажман на Марсело.