Марсело порача: На Реал Мадрид не му се потребни нови засилувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид со победа ја отвори сезоната во шпанската Ла Лига, откако во првото коло беше подобра од Селта со 3-1.

Со „кралевите“ се поврзуваат уште неколку европски ѕвезди, но Марсело смета дека нема потреба Реал Мадрид да ангажира нови фудбалери до крајот на преодниот рок.

„Реал Мадрид е одличен, па ние сме фокусирани на работа и тренинг и ќе се потрудиме да ги освоиме сите трофеи. А исто така сметам дека не ни се потребни нови засилувања на екипата. Клубот ме научи да се борам за трофеи. Ќе се обидеме да ги освоиме Лигата на шампиони, Ла Лига и шпанскиот Куп. Знаеме дека е тешко, но ние ќе го дадеме максимумот за овој тим“, вели Марсело во интервју за шпанските медиуми.