Марсело утре ќе се збогува со навивачите на Реал Мадрид!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид потврди дека од екипата си заминува Марсело, кој утре ќе има прес-конференција пред новинарите, а на неа ќе присуствува и претседателот Флорентино Перез.

Бразилецот по 15 години си оди од Мадрид како најтрофеен фудбалер во историјата на клубот, а вкупно освои 25 титули.

Марсело бил понуден на Олимпик Марсеј и Фенербахче, но ниту еден од клубовите не сакал да го ангажира 34-годишниот лев бек.

Бразилскиот фудбалер смета дека заслужил нов договор по неговите настапи за екипата и верноста во последните 15 години, но сепак раководството има поинакви планови и не реши да му ја продолжи соработката.