„Марсијал не е дете и калибар за Јунајтед - дава еден гол на секои 14 години“

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин имаше критики за францускиот напаѓач Ентони Марсијал.

Марсијал имаше караница со тренерот Ерик Тен Хаг на мечот меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед (1-0), а Кин по натпреварот го нападна фудбалерот.

„Му простуваме на Марсијал затоа што постигнува гол на секои 14 години. Ќе кажам само една работа. Ако Њукасл нè притисне, тогаш подобро е да ја освоите топката и да му помогнете на тимот. А што направи Марсијал? Евтино ја продаде топката. Јунајтед се обиде да се ослободи од него. Има 27 години, не е дете и не треба да игра за Јунајтед“, кажа Кин.