До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Натпреварот меѓу Арсенал и Ливерпул заврши во четврток навечер без голови и победник, а во центарот на вниманието беше Габриел Мартинели.
Натпреварот веќе беше влезен во продолженија по дуелот, токму со Мартинели (но не како последица од некој потег на играч на Арсенал), Конор Бредли падна, очигледно со големи болки, на самата аут линија.
Се огласи и самиот играч на Арсенал кој објасни дека веднаш му се извинил на Бредли и дека реагирал во жарот на борбата, не мислејќи дека станува збор за потешка повреда.
„Конор и јас разменивме пораки и му се извинив. Навистина во жарот на борбата не сфатив дека е посериозно повреден.
Сакам да кажам дека длабоко жалам за начинот на кој реагирав.
Уште еднаш му испраќам на Конор најдобри желби, му посакувам брзо закрепнување“, напиша Мартинели на својот Инстаграм по натпреварот.
















