Мартинели со срамен потег ги налути навивачите: Ти си срам за Арсенал, исфрлете го од клубот!


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


ПСЖ на „Емирати“ го совлада Арсенал со резултат 1:0, а во центарот на вниманието беше Габриел Мартинели – овој пат во негативна светлина.

Вечерва на „Емирати“ се одигра големиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите каде што се сретнаа домашниот Арсенал и ПСЖ.

ПСЖ понесе целосен плен од оваа средба и носи предност во реваншот, а единствениот стрелец вечерва беше Усман Дембеле.

Тој постигна гол во шестата минута по една добра асистенција на Хвича Кварацхелија и тоа беше доволно за победа.

Воопшто, ПСЖ изгледаше подоминантно на теренот, а од друга страна Арсенал изгледаше прилично бледо пред своите навивачи.

Во 87. минута Габриел Мартинели реши да направи срамен потег со цел да се обиде да изнуди пенал за својот тим.

Иако немаше никаков контакт во дуелот со Ахраф Хакими, тој падна како „покосен“ и доби слободен удар.

Тоа не беше крај, бидејќи Бразилецот отиде чекор понатаму и почна од судијата Винчиќ да бара да досуди најстрога казна.

Видеото може да се погледне ТУКА.

Фото: Принтскрин