Мартинез: Бев блиску до потпис со Атлетико, но еден повик промени сè!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез потврди дека требало да го засили Атлетико Мадрид, меѓутоа во последен момент се решил да потпише за Интер.

Мартинез во 2018 година имал неколку понуди и вербален договор со Атлетико Мадрид, но тогаш Диего Милито му се јавил и ситуацијата се променила.

Напаѓачот на Интер е главна ѕвезда во тимот и ја носи капитенската лента, а во разговор со медиумите призна дека бил блиску до трансфер во Атлетико.

„Бев блиску до потпис со Атлетико Мадрид, но тоа не се случи. Среќен сум што завршив во Интер. Ние заедно растеме, се развиваме и се бориме за нови успеси“, кажа Мартинез.