Мартинез избран како наследник на Мбапе, но во Интер не се загрижени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе на лето ќе замине од ПСЖ, како што објави и новинарот Фабрицио Романо, а францускиот клуб активно бара негова замена и наводно еден од потенцијалните кандидати за замена е Лаутаро Мартинез.

Аргентинскиот фудбалер е главна ѕвезда на Интер и засега не потпишал нов договор со калчолигашот, но директорот Бепе Марота не гледа опасност дека ПСЖ може да го украде од неговиот тим.

„Во фудбалот секогаш постои ризик, но засега не гледам знаци од кои треба да се плашиме. Исто така, не гледам некоја разлика меѓу нас и ПСЖ. Можеби тие имаат поразлични амбиции, но Интер има стабилни сопственици и се бори за сите титули. Имаме високи амбиции како екипа“, кажа извршниот директор на „нераѕурите“.