Мартино: Ја запревме Аргентина, но Меси ни ги казни грешките!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентина славеше со 2-0 против Мексико и направи чекор кон осминафинале на Мундијалот во Катар, а Мексиканците сè уште немаат постигнато гол на турнирот.

Мексико успешно ѝ се спротистави на Аргентина во најголем дел од мечот и го бранеше својот гол, но грешките беа казнети од Меси и Фернандез.

„Ги запревме Аргентинците, но потоа направивме грешка и Меси ни даде гол, а потоа погоди и Фернандез. На Меси му требаат само пет минути за да ве казни. Мора да се обидуваме и да бараме место во осминафинале“, кажа селекторот Херардо Мартино.