Машина за пари: Рајола добива огромно богатство од продажба на Де Лихт!?


Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фантастичниот 19-годишен стопер Матијас де Лихт најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона, со која наводно се договорил, ако може да им веруваме на шпанските медиуми.

Барселона за неговите услуги ќе плати неверојатни 70 милиони евра, а добар дел од сумата ќе отиде во џебот на контроверзниот агент Мино Рајола.

Рајола е агент на многу познати фудбалери, меѓу кои се Пол Погба и Ромелу Лукаку, а во негови раце е и највредниот фудбалер на Ајакс.

Агентот во кариерата заработи многу пари од трансфери. Само од Погба доби 40 милиони евра, а од трансферот на Де Лихт ќе добие помалку пари.

Од 70 милиони евра колку што ќе плати Барселона, Рајола ќе добие 20%, односно околу 14 милиони евра.