Маскерано му кажа збогум на фудбалот! ?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Естудијантес загуби од Аргентинос јуниорс во меч кој Хавиер Маскерано го одигра цел, а на крајот реши да се пензионира.

И тоа на изненадување на многумина, Маскерано ја соопшти одлуката по натпреварот, па на 36 години му кажа збогум на фудбалот.

„Морам да ви потврдам, од денеска сум во пензија, што се однесува до мојата фудбалска кариера. Сакам да му се заблагодарам на Естудијантес, што ми овозможи тоа да биде во мојата земја, Аргентина. Почуствував дека ова е вистинско време за такво нешто“, кажа Аргентинецот.

Борбениот фудбалер е најпознат по неговите настапи во Ливерпул и Барселона, каде што одлично играше, а во кариерата играше уште и за Ривер плејт, Коринтијанс, Вест хем, кинески Хебеи.