Масовна тепачка во НБА лигата: Летаа тупаници, страдаше снимател и камера (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


ОКЛАХОМА ТАНДЕР победи на гости кај Вашингтон Визардс со 132:111, но главната приказна од натпреварот е масовната тепачка на крајот од првото полувреме. 27 секунди пред крајот на првиот дел, Ентони Гил погоди за 64:68, по што се закачија Џејлин Вилијамс и Џастин Шампани.

Сведоците од трибините тврдат дека се започнало од Вилијамс, кој го удрил Шампани во лице. Тој возврати, а потоа во борбата се вклучи Џај Мичел. Ентони Гил и Кејсон Валас потоа влетаа во толпата. Следеше хаотична сцена. Се приклучија и играчи од двете клупи и многу кошаркари се туркаа, бореа и удираа. Во хаосот, некој го турна Мичел, кој падна врз камерманот, и го сруши него и камерата.

Судиите, обезбедувањето и персоналот во салата со тешкотии ги разделија судирените страни. Судиите долго време по смирувањето на тепачката ја разгледуваа снимката од инцидентот, по што исклучија четворица играчи. Од актуелниот шампион исфрлени беа Кејсон Валас, Џејлин Вилијамс и Џај Мичел, а од Визардс, Џастин Шампани не смееше да продолжи со игра.

.