Матеј Цветановски го засили Шкупи!

Матеј Цветановски одигра одлична полусезона во екипата на Вардар, но поради тешката финансиска состојба во тимот, реши да се пресели во Шкупи.

Поранешниот фудбалер на „црвено-црните“ потпиша двегодишен договор со Шкупи, па сигурно ќе биде големо засилување за екипата од Чаир во пролетниот дел од сезоната.

„Среќен сум што доаѓам во клубот со богата историја и кај нас и на меѓународна сцена. Понудата која ми даде Шкупи беше најдобра во мојата кариера. Дојдов тука да помогнам и се надевам дека ќе ја освоиме титулата. Благодарен сум на одличниот прием, познавам голем број од играчите и верувам дека брзо ќе се вклопам“, кажа Цветановски.

Во првиот дел од сезоната Цветановски за Вардар постигна шест гола и запиша пет асистенции.

Cvetanoski zgjodhi të jetë i Shkupit

Posted by FC Shkupi on Wednesday, January 13, 2021