Матеус е изненаден од Англичаните: Ако не игра Санчо, да му дадеме германски пасош!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германската легенда Лотар Матеус е збунет со фактот дека Џејдон Санчо, еден од најдобрите играчи во Бундеслигата, доби само шест минути на Европското првенство (ЕП), иако многумина очекуваа да биде стартер во репрезентацијата.

Во Англија има многу голем број врвни фудбалери, посебно во нападот, па ѕвездата на Борусија Дортмунд не доби вистинска шанса да покаже што знае.

Англија во осминафинале ќе се соочи против Германија, но Санчо овој спектакл најверојатно ќе го пропушти или ќе добие шанса во завршницата од мечот.

„Во последните две години Санчо беше еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата. Ако не ви е доволно добар, ќе му дадеме германски пасош. Ги изненади сите Германци, па можно ли е таков фудбалер да не биде стартер?“, прашува Матеус.

Победникот од мечот меѓу Англија и Германија ќе игра во четвртфинале против подобриот од дуелот Шведска – Украина, а во тој дел од ждрепката се ушет и Холандија – Чешка и Велс – Данска.