Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Светското првенство (СП) заврши со победа на пенали на Аргентина против Франција и така Лионел Меси го освои трофејот кој му недостигаше во колекцијата.
Меси долго време се бореше за титулата и мина пеколен пат за да стигне до големиот успех, додека неговиот ривал Кристијано Роналдо си замина дома заедно со Португалија по поразот од Мароко.
Легендарниот Лотар Матеус кажа дека Роналдо бил најголемо разочарување на турнирот во Катар.
„Роналдо беше сè спротивно од Меси. Тој направи сè погрешно. Роналдо е неверојатен фудбалер кој уништува сè што создаде во претходните години. Жал ми е поради тоа“, вели Матеус.