Матиќ има јасен став за вечната дилема: Роналдо или Меси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Немања Матиќ смета дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси се најдобрите играчи на сите времиња.

Матиќ во богатата фудбалска кариера имаше прилика да игра и против двајцата и неговото мислење слободно може да се земе како релевантно.

„Не знам кој е подобар од нив двајца, но тие се најдобри во историјата на фудбалот. Ако го прашате мојот син тој ќе го избере Роналдо. Во минатите 15 години се одлични. Некои би гласале за Меси, некои за Роналдо, а за мене двајцата се на исто ниво“ –изјави Матиќ.