Матуиди си заминува од Јувентус и продолжува во изненадувачки клуб


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Блаз Матуиди ќе си замине од редовите на Јувентус и во следниот период ќе потпише договор со тимот на Интер Мајами.

„Скај Италија“ пренесува дека Матуиди си пуштил рака со Дејвид Бекам, а наводно и Интер Мајами се договорил со Јувентус за обесштетувањето.

33 годишниот фудбалер игра во тимот на Јувентус од 2017 година, а сега по три години веројатно ќе ја промени средината.

Матуиди ќе оди во Мајами следнава недела и веднаш откако ќе ги помине медицинските прегледи ќе биде претставен како ново засилување на тимот чиј сопственик е неговиот поранешен соиграч од ПСЖ, Дејвид Бекам.