Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси славеше со 2-0 против Милан во контроверзен меч во Лигата на шампиони (ЛШ), по кој премиерлигашот дојде во пол-позиција за место во осминафиналето.
Главниот судија, сепак, предизвика многу контроверзи откако додели многу картони, а посебно сите ги изненади црвениот картон за Фикајо Томори во 18. минута.
„Томори е мој пријател. Стартот врз мене беше за пенал, но не сум сигурен дека заслужи црвен картон. Јас сум чесен играч и човек и сакам да постигнам гол без разлика на околностите. Тој ме повлече, а јас не паднав, туку продолжив со акцијата“, вели Маунт.
Челси ја запиша втората победа против Милан и тоа му беше доволно да се искачи на првото место во групата.