Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот репрезентативец Мејсон Маунт не може да пронајде заеднички јазик со новото раководство на Челси, па англиските медиуми пишуваат дека тој наскоро би можел да замине од премиерлигашот.
Талентираниот фудбалер со сезони важи за еден од најважните фудбалери на „сините“, но новата управа не сака да му ги исполни условите и тоа сака да го искористи Ливерпул.
Ако не се промени ништо во преговорите меѓу двете страни, Ливерпул ќе изврши напад врз потписот на 23-годишниот Англичанец, кој има договор до 2024 година со Челси.
Маунт за Челси досега постигна 32 гола и 37 асистенции на 181 настап во сите конкуренции, а неговата вредност се проценува на 75 милиони евра.