Мауро Икарди се договорил со Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара напаѓач уште од заминувањето на Карим Бензема, а турските медиуми пишуваат дека веќе се договориле со Мауро Икарди од Галатасарај

Нападот на „кралевите“ во јануари треба да го засили 30-годишниот Аргентинец, а наскоро се очекува и официјална потврда за нивните преговори.

Искусниот напаѓач наводно ги договорил личните услови, па во Мадрид ќе добива осум милиони евра годишно плус бонуси.

Икарди оваа сезона игра одлично во турскиот шампионат и на 25 одиграни меча постигна 17 голови и шест асистенции.

Аргентинскиот напаѓач во кариерата играше за Сампдорија, Интер, ПСЖ и Галатасарај.