Мајката на Мбапе во Реал заработува повеќе од седум играчи на „кралевите“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид со години е симбол на гламур, големи имиња и уште поголеми суми, но една информација што кружи во фудбалските кулоари предизвика прилично издигнати веѓи.

Имено, Фаиза Ламари, мајката на Килиан Мбапе и истовремено неговата агентка, од Реал годишно инкасира дури 4,5 милиони евра нето, и тоа директно од платата на нејзиниот син.

Станува збор за аранжман кој јасно покажува колку е Мбапе сериозен проект за клубот од Сантијаго Бернабеу, но и колку силна преговарачка позиција имале неговото семејство.

Она што ја прави оваа приказна уште повпечатлива е споредбата со играчите од актуелниот состав на Реал. Фаиза Ламари, барем финансиски, стои над голем број фудбалери кои секојдневно го носат белиот дрес.

Според достапните информации, мајката на Мбапе заработува повеќе од Андриј Лунин, Франко Мастантуоно, Раул Асенсио, Фран Гарсија, Гонзало, Брахим Диаз и Арда Гулер.