Мбапе денеска ќе биде промовиран во дресот на Реал Мадрид


Ќе има борба за награди на Fantasy Premier League ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе по долгогодишна драма конечно замина од ПСЖ и потпиша за Реал Мадрид, а за денеска е закажана неговата промоција на „Сантијаго Бернабеу“.

Вниманието на јавноста денеска ќе биде насочено токму кон Мадрид, каде што Мбапе ќе биде промовиран како најново засилување, а ќе го носи дресот со број девет.

Мбапе потпиша договор со „кралевите“ до 2029 година, а ќе заработува по 15 милиони евра годишно.

Влезниците се пуштени во продажба, а нивната цена беше од 30 до 200 евра и истите беа продадени за помалку од 24 часа.