Мбапе доби ултиматум од Мадрид: Сега или никогаш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе долго време е во центар на внимание поради неговата иднина затоа што договорот со ПСЖ му завршува на лето, а како следна дестинација се споменува Реал Мадрид.

Британски „Тајмс“ објави вест дека „кралевите“ испратиле јасен ултиматум до Мбапе, по кој веќе нема враќање назад.

Реал испратил порака до Французинот да донесе одлука за неговата иднина и да се согласи на трансфер, а доколку такво нешто не се реализира ова лето, тогаш постои можност никогаш повеќе да не потпишат соработка.

Мбапе ќе добие 25 милиони евра само за потпис на договор, а потоа ќе добив разни бонуси, како и двегодишна соработка со годишна плата од 50 милиони евра.

ПСЖ не се откажува од неговиот потпис и се обидува да го убеди да остане во Париз, но засега не им оди добро бидејќи Французинот одби две понуди.