Мбапе е како мало дете: Не доби топка, па се налути и престана да трча (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се однесува како мало дете на одредени моменти и тоа го покажа на вчерашниот натпревар меѓу ПСЖ и Монпелје.

ПСЖ тргна во напад по десната страна, додека Мбапе се ослободи на левата и бараше топка, а откако не ја доби, се налути и престана да трча.

Мбапе имаше можност и да продолжи напред и да учествува во акцијата, но очигледно се навреди затоа што не доби топка и така ги налути навивачите на ПСЖ.