Мбапе е подготвен да остане во ПСЖ, но постави три услови кои ќе го „стресат“ Париз

Килијан Мбапе минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ на три сезони, но само неколку месеци подоцна почнаа шпекулациите за неговата иднина и за тоа дека не е задоволен.

Мбапе, наводно, ќе остане во Париз само ако гигантот му исполни три неверојатни услови, а нив ги објави шпански „Диарио“.

Прв услов е ПСж на крајот на сезоната да го продаде Нејмар со кој очигледно не е во најдобри односи.

Исто така, Мбапе не е задоволен од тренерот Кристоф Галтие и јасно му порачал на раководството на тимот да му даде отказ на лето и потоа да го ангажира Зинедин Зидан.

Третиот услов за управата е да пронајдат замена за Нејмар, односно засилување во нападот.