Мбапе е ѕвезда во ПСЖ, но продава помалку дресови од резервист


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е најголема ѕвезда во ПСЖ, но француски новинар објави дека неговиот дрес не е најпродаван.

Според официјалните податоци за продажбата на дресови, Канг-ин Ли води на листата со најмногу продадени дресови.

Ли пристигна во ПСЖ летово од Мајорка за сума од 22 милиони евра, а неговата популарност на азискиот пазар го направи човек со најмногу продадени дресови од Париз.

Сепак, Ли е резервист во екипата и сезонава настапи само на два меча за ПСЖ.