Мбапе ги дочека своите „пет минути“ и почна да ги исмејува Англичаните! (ФОТО)

Франција ќе има два претставници во Лигата на шампиони. Лион го изненади Манчестер сити, додека ПСЖ беше подобар од Аталанта.

На Островот чест знаат да кажат дека француската лига е „лига на фармери“, па така да покажат дека има помал квалитет.

Меѓутоа, Французите ги дочекаа своите „пет минути“ и решија да се одмаздат. Најмногу се издовјува објавата на Килијан Мбапе.

Ѕвездата на ПСЖ само иронично напиша на Твитер порака која гласеше „Лига на фармери“, по што стигна порака и од Лион, кој напиша „Нема овде фармери“.