Мбапе ги договорил сите детали со Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се очекува наскоро да потпише на Реал Мадрид, каде што доаѓа како слободен игра бидејќи му завршува договорот со ПСЖ.

Парижаните сакаа да го продолжат договорот со младиот напаѓач и му понудија одлични услови, но тој не ги прифатил затоа што сака да си го исполни детскиот сон.

Французинот ќе потпише петгодишен договор со шпанскиот шампион, а притоа ќе заработува 40 милиони евра годишно.

Мбапе се очекува уште еднаш да го посети Мадрид и тоа денеска или утре, по што ќе бидат решени сите дилеми.