Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се најде во центар на внимание затоа што испрати политичка порака до граѓаните.
Мбапе смета дека ситуацијата во Франција е ужасна и ги повика граѓаните да гласаат против десницата.
„Сакам да испратам порака до францускиот народ. Ние сме генерација која може да ја направи промената. Гледаме дека екстремната десница тропа на вратата и имаме можност да ја обликуваме иднината на нашата земја“, кажа напаѓачот.
Француската фудбалска федерација претходно ги повика фудбалерите да не испраќаат политички пораки.